Утре во Скопје ќе има променет режим на сообраќај поради „Бадникова манифестација“ – Бадникови поворки, информира МВР.
Поворката ќе тргне од пред општинската зграда на општина Кисела Вода и ќе се движи по улица Борис Трајковски, па лево по булевар Македонија и по улицата Св. Кирил и Методија до пред Музеј на град Скопје, потоа на улица Македонија се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите Поворки и околу верските објекти.