„ВЕНЕЦУЕЛСКАТА ВРСКА“ Е ПРИЧИНАТА ПОРАДИ КОЈА СДСМ НЕМА СТАВ ЗА АПСЕЊЕТО НА МАДУРО Тежок е товарот на испраните 110 милиони евра од Мал Каракас преку Еуростандард банка во струмички фирми блиски до Заеви

Во 2022 година, откако медиумите и сопственикот на пропадната банка обелоденија како се испрани големи пати од Венецуела во струмичкиот клан, скандалот беше забошотен, но не и заборавен. Затоа сега СДСМ нема став за апсењето на диктаторот Мадуро.

4,242

Во последните соопштенија на СДСМ, се коментираат ставовите на премиерот Христијан Мицкоски и на македонската дипломатија за акцијата на Доналд Трамп, но не се соопштува јасен став на опозициската партија за апсењето на диктаторот Мадуро.

Зошто молчи СДСМ, предводен од Венко Филипче, за темата што деновиве ја окупира светската политичка јавност?






Во 2019 година, во Еуростандард банка, пристигнале 110 милиони евра од Венецуела, на сметки во банката, а таа ги пласирала во кредити во струмички фирми.

Редица фирми во Скопје со директори и управители од Венецуела биле основани пролетта 2019 година, на две локации во главниот град, откри во 2022 година екипата на КОД од телевизија Телма. Фирмите од тој таканаречен Мал Каракас во Скопје учествувале во операцијата за префрлање на 110 милиони евра од јужна Америка преку сметки во Еуростандард банка.

Објаснувајќи го пропаѓањето на банката, сопственикот Трифун Костовски тогаш изјави дека најголем дел од тие пари завршиле како кредити без покритие, во струмички фирми, пред сè во фирмите на Ристо Крмзов, против кого неодамна е покренато обвинение за финансиски малверзации.

„Сè уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка“, изјави тогаш Костовски.

Во таа 2022 година беше отворена и истрага за ова скандалозно перење пари, но случајот заврши во фиока. Прв човек на финансиското разузнавање тогаш беше Блажо Трендафилов, човек близок со Ден Дончев и со Зоран Заев по муртинска линија.

Добро упатени извори велат дека испраните крвави венецуелски пари завршиле голема работа во Кланот Дубаи и тоа е клучната причина поради која СДСМ денес не може да ја поддржи акцијата на Доналд Трамп, а не смее ни да ја осуди.

– Тоа е тој божем нов СДСМ, со нова енергија и победнички дух. Раководството не смее да писне, бидејќи има тон путер на главата. Наместо да се занимава со политика, ги гони членовите и симпатизерите на СДСМ за кои претпоставува дека на конгресот на 24 јануари ќе настапат со критички тонови – вели извор од партијата за Плусинфо.

Поврзани содржини