СТУДЕНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ На планините ќе снежи
Под влијание на циклонска активност од недела и во денови потоа времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Попладне, претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините и на некои од повисоките места врнежи од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје, денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.
Температурата денеска ќе се движи од -13 до 6 степени.
Утрово во Македонија се измерени многу ниски минимални температури, при што најстудено беше во Берово со -13 степени. Во Скопје-Петровец и Струмица се измерени -11, во Битола -10, а во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Крива Паланка, Тетово, Прилеп и Гевгелија температурата се спушти до -9 степени.
Во Штип, Демир Капија и Кавадарци утрово се измерени -8 степени, -7 во Охрид, -6 во Попова Шапка, -5 во Претор, Виница и Kрушево, како и -4 Mаврови Анови.
Утре (сабота) во западните делови од земјата ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.
Во Скопје утре попладне ќе има услови за повремен дожд.
Под влијание на циклонска активност од недела и во денови потоа времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи.