СО НОЖ УБИЕН ТУРСКИ ДРЖАВЈАНИН (22) ВО СТАРА ЧАРШИЈА Едно лице од Турција е тешко повредено, полицијата трага по сторителите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски соопшти дека новогодишната ноќ во Македонија помина главно мирно, а се случиле два сериозни инциденти - убиство на турски државјанин со нож и тешко повредено двегодишно дете, на засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар во Скопје.

2,117

Ноќеска е убиен државјанин на Турција со нож во Старата чаршија во Скопје, а друго лице е тешко повредено, соопшти полицијата.

„На 1.1.2026 година во 1.11 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект во Стара скопска чаршија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка, при што 2 лица се здобиле со повреди од остар предмет. Полициски службеници излегле на местото и ги пронашле со повреди од остар предмет А.М.Д.(22) од Турција, кај кого во 1.30 часот лекар од Итна медицинска помош констатираше смрт и Ч.Е.(23) од Турција, кој е пренесен во Комплексот клиники Мајка Тереза за укажување помош. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.






Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски соопшти дека новогодишната ноќ во Македонија помина главно мирно, а се случиле два сериозни инциденти – убиство на турски државјанин со нож и тешко повредено двегодишно дете, на засега непознат начин, кое е во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар во Скопје.

Во врска со убиениот турски државјанин, тој кажа дека во инцидентот е тешко повредено уште едно лице и дека двајцата добиле повреди од остар нож.

– Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментно лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега, сите се странски државјани – рече Тошковски.

За повреденото дете, кое е повредено во пределот на главата министерот рече дека повредата е од „метален фрагмент кој во моментов не може детално да се специфицира“.

– Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста – рече Тошковски.

Директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Игор Мерџановски, денеска соопто дека ноќеска примиле двегодишно дете со непознати лични податоци со тешка прострелна повреда на главата од огнено оружје.

 

ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ПОГОДЕНО СО КУРШУМ ВО ГЛАВАТА, СОСТОЈБАТА МУ Е КРИТИЧНА Тешка новогодишна ноќ на скопските клиники

Поврзани содржини