ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ШОК Итно опериран некогашниот ас на „кариоките“
На Роберто Карлос му била направена и хируршка интервенција која треела три часа. Сега неговата здравствена состојба се следи и е под потстојан лекарски надзор.
Прославениот бразилски фудбалер и еден од најдобрите леви бекови во историјата Роберто Карлос (52 години) беше примен во болница поради проблеми со срцето. По направените прегледи било констатирано дека неговото срце не функционира како што треба.
Му била направена и хируршка интервенција која треела три часа. Сега неговата здравствена состојба се следи и е под потстојан лекарски надзор.
Поранешниот бразилски репрезентативец со репрезентацијата на „кариоките“ стана светски шампион во 2002 година, додека со Реал Мадрид ја освојуваше Лигата на шампионите во три наврати 1998, 2000 и 2002 година.