ВИДЕОЛОТАРИЈА ПРОДОЛЖУВА СО СТРАТЕГИЈАТА ЗА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Во 2025 година издвои речиси 50 милиони денари за спонзорства и донации
Со буџет од 37.530.508 денари за спонзорства, Видеолотарија поддржа млади таленти и иницијативи од областа на спортот, образованието и културата. За донаторски активности беа издвоени 11.518.751 денари, од кои во текот на годината со вкупна донација од 6.664.361 денари беа реконструирани две мултифункционални игралишта на територијата на Македонија.
Под слоганот „Играј со најдобрите”, Видеолотарија Касинос Австрија и во 2025 година продолжи да ја гради својата стратегија за општествена одговорност, со вкупен буџет од 49.049.259 денари наменет за спонзорства и донаторски активности.
Како модерна и општествено одговорна компанија, Државна видеолотарија останува посветена на создавање еднакви услови и можности за сите граѓани. Придонесот кон заедницата е една од нејзините примарни цели, а вложувањата во 2025 година се уште еден доказ за таа определба.
Со буџет од 37.530.508 денари за спонзорства, Видеолотарија поддржа млади таленти и иницијативи од областа на спортот, образованието и културата. За донаторски активности беа издвоени 11.518.751 денари, од кои во текот на годината со вкупна донација од 6.664.361 денари беа реконструирани две мултифункционални игралишта на територијата на Македонија.
На реконструираните игралишта, во периодот од 31 мај до 28 јуни, Видеолотарија го реализираше спортскиот турнир „Биди шампион”, на кој учествуваа повеќе од 160 деца. Во рамки на турнирот беа одиграни 16 натпревари во мал фудбал и 16 натпревари во уличен баскет, за деца на возраст од 10 до 14 години. Победник во мал фудбал беше тимот од Кисела Вода, додека во уличен баскет најуспешни беа младите кошаркари од Моноспитово, Струмица.
„Видеолотарија и во иднина ќе продолжи одговорно да ја реализира својата мисија за создавање зони за спорт, забава и рекреација за најмладите низ целата земја. Преку оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги остварува своите општествено одговорни цели, насочени кон развој и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. Целта е поттикнување на спортскиот дух кај младите, градење здрави навики преку игра и забава, како и создавање подобри услови за развој на целата заедница“, порачува компанијата.