📽️ РУСИЈА ГО ПОКАЖА МОЌНИОТ „ОРЕШНИК“ Новиот ракетен систем веќе во борбена должност во Белорусија

Руското Министерство за одбрана за првпат јавно го прикажа ракетниот систем „Орешник“, кој, според официјални информации, веќе е ставен во борбена должност на територијата на Белорусија.

497

Руското Министерство за одбрана за првпат јавно го прикажа новиот ракетен систем „Орешник“. Единица опремена со ова оружје, според официјалните информации, веќе стапила во борбена должност на територијата на Белорусија.

Во видеото објавено од руското Министерство за одбрана се гледа како припадници на војската го подигаат знамето на Ракетните сили на Руската Федерација, по што се упатуваат кон однапред подготвени стратешки позиции и ги заземаат.






Претходно, белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека ракетниот комплекс „Орешник“ се наоѓа во Белорусија од 17 декември и дека веќе е ставен во борбена готовност.

Тој нагласи дека првите позиции се целосно опремени со ракетниот систем „Орешник“.

Неколку дена подоцна, на 22 декември, Лукашенко дополни дека на територијата на Белорусија нема да бидат распоредени повеќе од десет вакви руски ракетни системи.

Поврзани содржини