СЕДЛОСКИ ГО ПРЕТСТАВИ СТРУЧНИОТ ШТАБ Легенди и млади кадри во новиот тим на репрезентацијата

Селекторот Гоце Седлоски ги соопшти имињата на асистентите и членовите на стручниот тим со кој ќе ја води Македонија во наредниот квалификациски циклус.

575

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, официјално го претстави стручниот штаб со кој ќе ја води националната селекција во претстојниот циклус натпревари.

Во стручниот тим, како асистенти на Седлоски, ќе работат Борче Христов, шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центарот за едукација, Ерхан Селими, досегашен селектор на македонската репрезентација до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација.






Дел од стручниот штаб ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија, додека за тренер на голмани е именуван Гого Јовчев.

Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Гоце Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на стручниот тим.

Поврзани содржини