СДСМ ВО КЛИНЧ СО САША БОГДАНОВИЌ, ТОЈ ИМ ВОЗВРАТИ „Чија партија е усташка и кој e србофоб?“

Пишувањава се како лични профили на неколку помали србофобни коалициони портали кои својата политичка кариера ја градат на србофобија кои се длабоко влезени во СДСМ со цел да ја спроведуваат својата србофобна политика, напиша поранешниот градоначалник на Центароткако претходно СДСМ го обвини дека тој е „член ан ВМРО-Ванчовистичка“ и дека треба да прочита „со кого соработувале усташите од НДХ“.

479

СДСМ со партиско соопштение распука по својот неодамнешен член Саша Богдановиќ,кој во последно време го критикува раководството на опозициската партија. Од таму го нарекоа поранешниот градоначалник на Центар „Координатор на СНС за Македонија“ и дека ја продал партијата за пари.

„Поранешен член на СДСМ кој најпрво ја предаде партијата за пари, а потоа и Македонија за пари, сега си зема за право некого да таргетира и да го нарекува Усташ. Човек кој припаѓа на коалицијата ВМРО Ванчовистичка – ЗНАМ, луѓе кои во Собранието ја изгласаа Резолуцијата за забрана на говорот по урнекот на Декретот од Третиот Рајх. Кога веќе ги спомнува усташите, нека прочита малку и кој соработувал со НДХ“,обвинува СДСМ за претходните обвинувања на Богдановиќ кој ја критикуваше партијата дека во последно време, критикувајќи го т.н. „српски свет“, личи на „задоеник со усташка НДХ идеологија“.





Богдановиќ одговори и на новите обвинувања на СДСМ со објава на Фејсбук.

„Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од Фејсбук страницата и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува соопштенијата затоа што ако има лични фрустрации од некого не треба да ја користи партијата за свои пресметки. Пишувањава се како лични профили на неколку помали србофобни коалициони портали кои својата политичка кариера ја градат на србофобија кои се длабоко влезени во СДСМ со цел да ја спроведуваат својата србофобна политика.

Мојот став е кажан јавно и стојам позади него а го базирам на настапите на неколку членови од старо новото раководство кои преку свои јавни настапи мораат да ја докажат својата србофобност мораат јавно да излезат и тоа да го потенцираат преку јавни настапи а сега уште повеќе го засилуваат преку соопштенија и прес конференции.

Моите укажувања се и лични до многу другари кои ги знам таму и истиот став го делат многу поранешни подржувачи на СДСМ. Ако сфатите сфатите ако не, запамтете дека омразата води кон самоуништување.

П.С. Како некој не ви сметал пред неколку години кога ви требаше некој да ви пружи рака за да се помогне за државата?!“

Поврзани содржини