ЌЕ БИДАТ НАЈБРЗИ, НАЈСМРТОНОСНИ, НАЈМОЌНИ И ЌЕ СЕ ВИКААТ „ТРАМП“ Американскиот претседател нарача нова флота воени бродови

Трамп изјави дека новата „Златна флота“ со 25 бродови од „класата Трамп“, ќе биде „најбрза, најголема и убедливо, стопати помоќна од која било друга воена флота некогаш изградена“.

436

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека нарачал изградба на нова флота од супер-моќни воени бродови, кои ќе го носат неговото име и ќе бидат дел од тнр. „Златната флота“. Според него, „Златна флота“ со 25 бродови од „класата Трамп“, ќе биде „најбрза, најголема и убедливо, стопати помоќна од која било друга воена флота некогаш изградена“.

Би-Би-Си објави дека наскоро се очекува да започне изградбата на брод од класата Трамп со име „USS Defiant“ , кој ќе може да носи цел спектар на оружје, а шефот на Белата куќа изјави дека првите бродови од таа класа ќе бидат во функција во рок од две и пол години.






Синоќа, во неговиот голф клуб Мар-а-Лаго во Флорида, заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет, државниот секретар Марк Рубио и секретарот на морнарицата Џон Фелан, Трамп објави дека првично одобрил изградба на два нови борбени брода, а планот е да се изградат вкупно 25 вакви бродови.

Трамп изјави дека овие бродови, кога ќе бидат завршени, ќе бидат опремени за носење хиперсонично и „екстремно смртоносно“ оружје и ќе бидат водечки бродови на американската морнарица.

Најавата е дел од поголемото планирано проширување на капацитетите на американската морнарица и во бродови со и без екипаж, вклучувајќи поголеми воени бродови вооружени со ракети и помали бродови.

Официјалните лица предупредуваат дека Америка заостанува зад Кина и во капацитетот на бродоградилиштата и во вкупното производство на бродови.

Најавата на Трамп доаѓа во време на зголемена концентрација на американските поморски и воздухопловни сили во Карибите, во услови на зголемени тензии со Венецуела.

Поврзани содржини