САД ТРУПААТ РЕЗЕРВИ НА БАКАР, МАКЕДОНИЈА „ГО СКЛАДИРА“ ПОД ЗЕМЈА До кога македонските рудни богатства ќе бидат заспани?

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

579

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп планира повеќе „историски договори“ со американскиот рударски сектор за да го зголеми производството на критични минерали наменети за националниот одбранбен и високотехнолошки сектор, тврдат високи функционери.

Во текот на годинава, американските власти финансиски веќе ги помогнаа MP Materials (MP.N), Lithium Americas и Trilogy Metals (TMQ.TO), како дел од напорите на Трамп да го зголеми домашното производство на литиумот, ретките земни метали и други критични минерали што се користат во одбраната. Неговата намера е да се намали зависноста од Кина, која ги користеше своите минерални ресурси како предност во трговските преговори.






– Она што сакаме да го видиме е САД да не се потпираат на ниту еден противник или на кој било друг странски субјект, дека ние самите ја контролираме нашата судбина кога станува збор за нашиот синџир на снабдување и нашите критични минерали – изјави Џарод Аген, извршен директор на Националниот совет за енергетика во Белата куќа.

Според него, во првата година од мандатот на Трамп патот е поплочен за уште поголеми инвестиции во рударскиот сектор.

– Во текот на мандатот на оваа администрација ќе видите историски договори кога станува збор за критичните минерали, историски партнерства со приватниот сектор, а потоа и вистинска ревитализација на рударството во оваа земја – истакна Аген на конференцијата за критични минерали организирана од Центарот за стратешки и меѓународни студии.

Како што пишува Ројтерс, Аген, кој претходно имал висока позиција во компанијата за одбранбена опрема „Локхид Мартин“, вели дека Трамп има цел што поскоро да започнат со работа рударските проекти во Аљаска и во Аризона, каде се градат некои од најголемите рудници за бакар во светот.

Бакарот се најде на листата на критични минерали на САД, а претседателот Трамп одлучи да го забрани неговиот извоз и да ги зголемува резервите. Оваа негова одлука сега значително влијае на цената на бакарот на светско ниво.

Бакарот на Лондонската берза на метали достигна рекордно високо ниво од 11.952 долари во петокот поради загриженоста за слабото снабдување, но и од растот на употребата на вештачката интелигенција. Како што пишува „Бизнис инсајдер“ цените на бакарот повторно експлодирале на рекордно високо ниво, не затоа што светот снемува од металот, туку делумно затоа што САД собираат толку многу резерви што сите останати се борат за она што останало. Од почетокот на годинава, бакарот поскапел за скоро 35%.

Аналитичарите предвидуваат недостиг на пазарот на бакар од 124.000 тони оваа година и 150.000 тони следната година. Побарувачката за бакар е поттикната од глобалните инвестиции во модернизацијата и проширувањето на електропреносните мрежи, а енергетската транзиција, која вклучува технологии за обновлива енергија како што се ветерниците и фотоволтаиците, исто така ќе ја зголеми потребата за бакар.

Од друга страна, Македонија не може да се пофали дека фатила темпо со светските трендови. Според истражувања на геолозите Македонија поседува големи количества на бакар, а тоа се потврдува и во предлог текстот на Стратегијата за минерални суровини која ја изготви МАНУ. Сепак, нереализирани останаа повеќе инвестиции, меѓу кои и на Кожуф и во Казандол. Засега единствена инвестиција во рудник за бакар е во Иловица, иако компанијата инвеститор во минатото се пожали на правна несигурност.

Поврзани содржини