📽️ 📷 РУСКИ ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ ОСТАВИЈА ИЛЈАДНИЦИ УКРАИНЦИ БЕЗ СТРУЈА Целта е уништување на Украина и страдање на народот, обвини Зеленски

Илјадници Украинци останаа без струја, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за насочено уништување на цивилната инфраструктура.

827

Во текот на ноќта, руските сили извршија низа напади врз украинска територија, при што беа оштетени повеќе од десетина цивилни објекти, а илјадници жители останаа без електрична енергија во седум региони, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Важно е сите сега да видат што прави Русија, бидејќи е јасно дека таа не е насочена кон завршување на војната – вели Зеленски, додавајќи дека Русите сè уште имаат за цел да ја уништат Украина и да предизвикаат најголемо страдање на украинскиот народ.

 






Русија потврди дека нападнала украински цели користејќи хиперсонични ракети, но засега не даде детали за евентуални цивилни жртви. Овие напади се дел од продолжената офанзива што ја водат руските сили, која предизвикува растечка загриженост за безбедноста на цивилното население и инфраструктурата.

 

Украинските власти работат на проценка на штетата и обезбедување на електрична енергија за погодените области, додека Зеленски повика на зголемена меѓународна поддршка за одбрана и хуманитарна помош.

 

Поврзани содржини