📷 ПАДНАА 8 ЛИХВАРИ И ЧЛЕНОВИ НА „ПОКЕР-МАФИЈА“ ОД СКОПЈЕ Полицијата открива детали, запленети пари, дрога, возила и опрема за покер

Полицијата влезе на 11 локации во градот и откри илегални покер-маси, пари, компјутери и дрога поврзани со долгогодишно криминално работење.

3,122

Осум лица од Скопје утринава се уапсени во голема полициска акција со која беше разбиена организирана криминална група што се занимавала со лихварство, перење пари и нелегално приредување игри на среќа. Акцијата била спроведена од специјализираните полициски единици под раководство на Обвинителството за гонење организиран криминал.

Полицијата истовремено влегла на 11 различни локации ширум Скопје, каде што биле извршени претреси. На терен биле пронајдени и запленети околу 34.510 евра, 431.000 денари и 400 долари, како и голем број мобилни телефони, моторни возила, компјутери и лаптопи.






Во нелегалните простории биле откриени и маси за покер, чипови, карти и друга опрема што се користела за организирање нерегистрирани коцкарски игри. Дел од просториите биле опремени како импровизирани играчници. Според полициските процени, групата подолг период работела надвор од законските рамки и остварувала значителни приходи.

Дополнително, биле откриени и растителни и прашкасти материи, за кои се сомнева дека се дрога. Запленетата документација ќе се користи за утврдување на целосниот обем на криминалните активности.

Уапсените се задржани во полициска станица и во тек е нивно понатамошно процесирање.

📷 НОЌЕН УДАР ВРЗ НЕЛЕГАЛНОТО КОЦКАЊЕ, УАПСЕНИ ПОВЕЌЕ ЛИЦА Запленети се пари, маси за покер, возило…

Поврзани содржини