3 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Јубилејниот патник е Милена Таскова патник од летот Скопје – Бари

До крајот на годината Скоспкиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид  262 000.

274

Милена Таскова од денешниот лет Скопје – Бари е тримилионитиот патник на Меѓународниот аеродром Скопје.

Раководството на аеродромскиот оператор во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски приреди изненадување за неа, бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и 2 бесплатни билета од Визер.






– Го достигнавме тримилионитиот патник  во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство – изјави  Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Курт најави дека до крајот на годината Скоспкиот аеродром ќе има 3,2 милиони патници, а аеродромот во Охрид  262 000.

Поврзани содржини