„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ЌЕ СТАРТУВА ОД 1 ФЕВРУАРИ Месец плус за усогласување на процедурите за казнување
Од МВР објасниле дека одлуката доаѓа поради потребата од дополнителна техничка проверка и усогласување со правните процедури за електронско казнување. Исто така, се разгледува опцијата за одредена толеранција при мерењето на брзината, иако праксата за толеранција е различна во повеќето земји.
Системот за автоматско снимање и санкционирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ ќе почне со работа на 1 февруари 2026 година потврдиле од Министерството за внатрешни работи за порталот „360 степени“.
Тестирањето на мрежата од камери и системот за препознавање на регистарски таблички веќе е во тек во Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10. Првично беше најавено дека казните ќе стартуваат на 1 јануари, но по периодот на СМС-опомени, властите решиле да го поместат датумот.
Од МВР објасниле дека одлуката доаѓа поради потребата од дополнителна техничка проверка и усогласување со правните процедури за електронско казнување.
„Безбеден град ќе започне да функционира од 1.2.2026 година на територија на Скопје, Тетово и Куманово, како и долж коридорите 8 и 10“.
Покрај тоа, се разгледува и можноста за воведување на „толеранција“ при мерењето на брзината, со што возачите кои ќе возат неколку километри на час над дозволеното во градска зона нема да бидат санкционирани.
Од МВР нагласуваат дека целта на проектот не е казнување, туку превенција и намалување на сообраќајните несреќи.