ЛЕВИЦА БЛОКИРА ПЛАТИ, МАШИНИ И ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦА Опасна игра на пулените на Апасиев во Советот на Град Скопје
Според ВМРО-ДПМНЕ, Левица гласала против повеќе точки важни за јавните претпријатија и граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ излезе со остра реакција на однесувањето на советниците на Левица во Советот на Град Скопје, обвинувајќи ги дека не поддржале неколку точки важни за јавните претпријатија и за социјално ранливите категории.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Левица во јавноста зборува за повисоки плати и подобри услови, но во практика, велат од партијата, гласаат спротивно.
– Лицемерието оди предалеку. Додека се борат за перцепција во јавноста, во Советот на Град Скопје не гласаа за набавка на нови возила за собирање смет за ЈП Комунална хигиена, ниту за плати во Паркови и зеленило – наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат и дека Левица не гласала за доделување новогодишни пакетчиња на деца од социјално ранливи семејства, иако тоа е редовна активност секоја година.
– Не поддржаа ниту мерки за почист воздух, ниту измена на Програмата за животна средина, која вклучува подобрување на амбиенталниот воздух – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во реакцијата се наведува и дека додека Левица на социјалните мрежи објавува фотографии со контејнери, во Советот не ги поддржала набавките за машини со кои се празнат тие контејнери.
– Советниците на Левица само го следат политиканството и егзибиционизмот на Димитар Апасиев – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.