ТРОЈЦАТА НЕКА БАРААТ МИГРАНТИ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДО ПРОЛЕТ, АКО НАЈДАТ ЕДЕН – СИ ОДАМ ТРАЈНО ОД ПОЛИТИКАТА! Мицкоски им „фрли“ предизвик на Филипче, на Фрчкоски и на Жерновски

Во спротивно очекувам тројцата да излезат и да се извинат, барем толку може да направат, доблесно е и кон мене и кон граѓаните што шират паника без потреба - рече Мицкоски.

816

Премиерот Христијан Мицкоски на увид во градежните активности за реконструкција и целосно уредување на нов мултифункционален центар, кој се наоѓа во непосредна близина на СЦ „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче, Општина Аеродром, одговори на новинарско барање да ја коментира прес-конференцијата на лидерот на СДСМ Венко Филипче, на која тој рече дека во Македонија ќе бидат прифатени мигранти од Велика Британија.

– Каква е тука состојбата, вие си знаете, сега нема тема, притисокот е голем Венко Филипче да си замине, и од внатре и од надвор, и сега наеднаш ПР тимот му вели: темата ќе биде мигранти, еве два таблоида во Велика Британија објавија и ајде на оваа тема да се качиме и да ја туркаме, мислејќи дека на тој начин политички ќе преживее и ќе собере луѓе околу себе. Две тези имаше денешната прес конференција кои можам да ги коментирам, првата се мигрантите, а втората – нeдостасувале во буџетот околу една милијарда евра, 60 милијарди денари, и дека договорот со Велика Британија бил тие да ни ја покријат оваа дупка, а ние да прифатиме илегални мигранти. Прво, да му одговорам политички на раководството на СДСМ, бидејќи ја спомна пролетта, оставам простор до пролет Венко Филипче, заедно со Фрчкоски, заедно со Жерновски да бараат низ Македонија и да најдат мигрант, кој што е дел од овој договор со Велика Британија, или било каков додговор, и ако најдат еден, јас трајно ја напуштам политиката. Во спротивно тие да ми се извинат мене и на граѓаните што шират паника без потреба. Мислам дека е фер, еве ова јас го давам како понуда. Мислам, ова ќе важи бесконечно, додека сум јас претседател на владата, но бидејќи тој спомна пролет, сме сакале предвремени избори, па н споредуваше со некои соседни земји, еве јас велам вака, нека земат тројцата, нека шетаат колку сакаат низ Македонија и ако најдат само еден, јас трајно ја напуштам политиката, во спротивно очекувам тројцата да излезат и да се извинат. Барем толку може да направат, доблесно е и кон мене и кон граѓаните – рече Мицкоски.






На прашање дали има намера да ги демантира пишувањата на британските медиуми, Мицкоски потсети дека за ширење лажни вести неодамна уредник на Би-би-си мораше да си поднесе оставка.

– На крај да заклучам да не се грижат граѓаните, нема мигранти, буџетот е во одлична кондиција. Македонија е позади Данска, која што има 3,9, заедно со Кипар со 3,8 проценти раст на БДП, инфлацијата е за 0,5 проценти помала на годишно ниво споредбено со минатата година и очекувам таа консолидација односно смирување да продолжи и во периодот кој што следи – истакна Мицкоски.

Поврзани содржини