ХРВАТСКА ОТКРИ НОВ БУНАР НА ПРИРОДЕН ГАС ВО ЈАДРАНСКО МОРЕ Потенцијалот на изворот е 220 милиони кубни метри гас

Во тек се работи на вториот бунар, IKA A-4 R DIR, чие завршување и потенцијален почеток на производството се очекува во првиот квартал од 2026 година.

99

Хрватска откри ново наоѓалиште на гас во Јадранското Море со потенцијал кој се проценува на околу 220 милиони кубни метри гас, што е околу 1,3 милиони барели нафтен еквивалент, објави tportal.

Тест-производството започна два месеци пред предвидениот рок, а дневното производство изнесува 120.000 м³ природен гас, што потврдува дека бунарот IKA A-1 R DIR е вториот најпродуктивен гасен бунар на ИНА во Хрватска. Гасот произведен за време на тестирањето се испорачува до хрватската енергетска мрежа преку постојниот производствен систем.






– Истражувачкото дупчење во северниот дел на Јадранското Море е проект што може значително да придонесе за домашното производство на природен гас. Проектот го одразува продолжувањето на активностите на ИНА насочени кон зголемување на домашниот производствен капацитет – изјави Јосип Бубниќ, оперативен директор за истражување и производство на нафта и гас во ИНА.

Во тек се работи на вториот бунар, IKA A-4 R DIR, чие завршување и потенцијален почеток на производството се очекува во првиот квартал од 2026 година. Работата на двата бунари вклучува напуштање на постојните канали од испразнетите резервоари и сечење нови канали за да се стигне до резервоарите кои сè уште не се вклучени во производството. По спроведувањето на потребните технички прилагодувања, бунарите ќе бидат поврзани со постојната производствена инфраструктура на платформата IKA-A.

Работата на бунарите IKA A-1 R DIR и IKA A-4 R DIR го означува влегувањето на ИНА во нов инвестициски циклус насочен кон понатамошно зголемување на домашното производство на природен гас од морското дно. Продолжувањето на изградбата на нови бунари е планирано во текот на 2026 година, а позитивните резултати можат да придонесат за зајакнување на енергетската безбедност на Хрватска.

Поврзани содржини