СКОПЈАНИ ДОЛЖАТ НАД 36 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДАНОК НА ИМОТ И ЗА ФИРМАРИНА Град Скопје ги повикува граѓаните и фирмите да ги платат заостатаните долгови

Градската власт ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок.

1,432

Граѓаните и компаниите на Град Скопје му должат над 36 милиони евра за данок на имот и комунални такси, соопштија денеска градските власти.

„Даноците на имот и комуналните такси се основните извори на приходи на Градот Скопје. Средствата остварени од овие приходи овозможуваат финансирање на основните функции на Градот, изведба на инфраструктурните проекти, кофинансирање на услугите што ги даваат комуналните претпријатија и јавните установи, како и финансирање на трошоците на средните училишта во Градот Скопје. Според евиденцијата на Секторот за даноци на имот и комунални такси, за периодот од 2020 до 2025 година, по основ на даноци и такси, граѓаните и компаниите имаат долг спрема Градот Скопје во износ од преку 36 милиони евра“, соопшти Град Скопје.






Градската власт ги повикува сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои немаат платено данок на имот, данок на промет, данок на наследство и подарок и комунална такса-фирмарина, да ги подмират своите даночни обврски во најкраток временски рок.

Од Градот информираат дека секој даночен обврзник може да изврши увид во долгот, да ги преземе даночните и таксените решенија и електронски да го плати долгот преку електронската платформа на Град Скопје: https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml.

Долгот може да се плати и преку даночните шалтери во Град Скопје, секој  работен ден од 8 до 19 часот, како и во сабота на 13.12.2025 година.

Од Градот ги наведуваат следните адреси и броеви за сите прашања:

    • за данок на имот: 072/204-434 и 02/3207-546 како и е-маил адресите: [email protected][email protected],
    • за данок на промет, наследство и подарок: : 02/3297-298 и 02/3297-296 како и е-маил адресата: [email protected],
    • за комунална такса-фирмарина:  02/3297-314 како и е маил адресата: [email protected]
    • за даночно сметководство: 02/3297-298 и 02/3297-296, како  и на е-маил адресата: [email protected].

Поврзани содржини