ГО ПАЛЕЛЕ ГРАДОТ ОД ДОСАДА Три тинејџерки се предадоа и признаа 18 пожари во Виена

Три тинејџерки се признаа виновни за подметнување 18 пожари низ Виена, при што причината ја објаснија како — досада.

107

Три тинејџерки ја шокираа јавноста во Виена откако признаа дека во текот на ноември запалиле 18 пожари „од досада“, потврди австриската полиција. Девојките сами се предале во станица, по што била откриена целата серија намерни палења кои со недели ги вознемируваа жителите на неколку градски општини.

Според информациите на порталот Кронен Цајтунг, станува збор за две девојки на 18 години и една на 17 години, кои се осомничени за подметнување пожари во повеќе делови од градот. Две од нив биле уапсени во општината Херналс, додека третата сама се појавила во полициска станица истиот ден и го признала делото.






Сите три тинејџерки се изјасниле за виновни во истрагата. Полицијата ја потврди нивната изјава дека причината за палењето на 18-те пожари била чиста досада.

– Кривичната истрага реши 18 случаи на палење, со причинета материјална штета во шестцифрен износ – изјави портпаролката на полицијата, Јулија Шик.

Во повеќето случаи, девојките подметнувале помали пожари, најчесто запалувајќи контејнери и мали површини. Сите три се приведени додека продолжува деталната ист

Поврзани содржини