СДСМ ОБВИНИ ДЕКА СЕМЕЈНА ФИРМА НА ИВИЦА ТОМОВСКИ „ГО ЧИСТИ БУЏЕТОТ“ Сити логистик или Сити аутсорсинг добила 161 тендер или 5.3 милиони евра

Сопственик на Сити логистик, во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, директор на СОЗР – рече Саша Димитријевиќ од СДСМ.

1,660

Од државни институции и од општини, водени од ВМРО-ДПМНЕ, семејна фирма на директорот на владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски, која го сменила името, добила неверојатни 5.360.000 евра или вкупно 161 тендер – обвини денеска на прес-конференција Александар Саша Димитријевиќ, член на Централниот одбор на СДСМ .

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, бизнисот на фамилијата Томовски експлодирал. Семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%, и тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот? Во тековната 2025 година, истата фирма веќе добила нови 10 тендери од речиси половина милион евра.






Сопственик на Сити логистик, во моментот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски, а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата во Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име – тврди Димитријевиќ.

Тој рече дека Антикорупцискиот тим на СДСМ ќе објави и други, како што ги нарече, „бомби“.

– Ние само што почнавме, а нашата нова сила, нашиот АКТ работи со полна пареа. Граѓаните нè поддржуваат, сите се дел од еден тим, еден фронт. Сите ние, граѓаните на оваа земја, сме против корупцијата. Работата не е завршена – нагласи Александар Саша Димитријевиќ.

Поврзани содржини