КОМПАНИИТЕ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ВРАЌАЊЕ НА ПАРИТЕ УПЛАТЕНИ ЗА СОЛИДАРНИОТ ДАНОК Најголемиот број од нив ја простуваат затезната камата

Владата на следната седница ќе расправа за прашањето на начинот на исплата на парите од солидарниот данок кон компаините.

33

Компаниите не се откажуваат од враќање на парите уплатени за солидарниот данок, но има кои се откажаа од исплатата на зетезната камата, информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.

– Голем број компании се откажаа од затезната камата, но не се откажуваат од главниот долг. Најголемиот дел од нив се согласија со исплата на долгот на два деа но има и такви кои понудија поинакво решение за исплатата – рече Димитриеска Кочоска.






Според неа, владата на следната седница ќе расправа за прашањето на начинот на враќање на парите од солидарниот данок кон компаниите.

– За ова прашање требаше владата да расправа на последната седница која требаше да биде затворена, бидејќи даноците се деловна тајна, но поради одредени причини, точката не се расправаше. На наредната седница на владата ќе се расправа за начинот на враќање на солидарниот данок по што ќе ја информираме јавноста за тоа – рече Димитриеска Кочоска.

Таа одби да каже имиња на компании кои понудиле поинаков модел на исплата на парите од солидарниот данок, повикувајќи се на одредбата за тајност.

Поврзани содржини