ХРВАТИТЕ МИСЛЕА ДЕКА Е ГОТОВО, НО… Вучиќ вели дека Србија се издигнала како феникс
Тие сметаа дека со нашето слабеење ќе владеат од Триглав до Истанбул. Но, Србија се издигна, буквално како феникс од пепелта, изјави српскиот лидер тврдејќи дека Загреб намерно го попречува европскиот пат на Србија.
Александар Вучиќ повторно го насочи вниманието кон Хрватска, тврдејќи дека Загреб намерно го попречува европскиот пат на Србија.
Според него, хрватските политички кругови „мислеле дека секако ќе бидат доминантни на Балканот“ откако станале членки на ЕУ и НАТО.
– Тие сметаа дека со нашето слабеење ќе владеат од Триглав до Истанбул. Но, Србија се издигна, буквално како феникс од пепелта – изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека Белград „повторно станал фактор на сила“ и дека тоа наводно ги вознемирило соседите.
– Сега сакаат да ја ограничат нашата енергија, да не станеме премногу силни. Затоа се здружени со Приштина и Тирана – додаде српскиот претседател.
Во контекст на европските интеграции, Вучиќ зборуваше и за отворањето на Кластерот 3, пакет кој ги опфаќа медиумите, образованието, индустријата и царинската унија.
– Сè направивме како што ни беше побарано, но не сум голем оптимист. Ако не го отворат, подобро Ана Брнабиќ да објасни зошто. Би бил најсреќен ако го отворат – рече тој.
Изјавата доаѓа во време на нови тензии меѓу Белград и Загреб, додека ЕУ бара од Србија усогласување со надворешната политика на Унијата, особено во однос на Русија.