ОД КОРУПЦИЈА ГОРИ И БРИСЕЛ, А СЕ ОЧЕКУВА ДА КАЖАТ НЕШТО ПАМЕТНО ЗА КОРУПЦИЈАТА ВО УКРАИНА Орбан ќе ја тужи Европската комисија ако го занемари ветото на забраната за руски гас и нафта
Унгарија мора да сигнализира дека Европската Унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ , вели унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан најави дека неговата земја ќе ја тужи Европската комисија, доколку го занемари ветото на Унгарија за планираната забрана на ЕУ за купување руски гас и нафта.
– Брисел си играше со погрешни коцки кога одлучи за забраната за купување руска нафта и гас, од што е изземен ставот на Унгарија и на Словачка, како и трговската политика на ЕУ, која зависи од гласање – вели Орбан.
Според него, ЕК го заобиколила унгарското вето, што е незаконски.
– Тоа е отворено кршење на владеењето на правото. Иако тужбата е долга, таа нема да го реши нашиот проблем. Унгарија мора да сигнализира дека Европската Унија го напуштила владеењето на правото и ја злоупотребува својата моќ – рече Орбан.
Коментирајќи ги последните случаи на корупција во Украина, Орбан рече дека Брисел е во тешка ситуација бидејќи „и неговата куќа гори“, мислејќи на скандалот со Фредерика Могерини.
– Се испостави дека поранешниот втор човек на Европската Унија, поранешната комесарка за надворешни работи, направила нешто и дека се случуваат сомнителни работи. Европската Унија е заглавена во корупција, и тоа не само Комисијата, туку и Европскиот парламент има свои корупциски скандали, а се очекува да кажат нешто паметно за корупцијата во Украина – рече Орбан.
Тој нагласи дека истата работа се случува и во Украина и во Брисел.
– Ситуацијата не е лесна за ЕК – заклучи унгарскиот премиер.