📽️ ПАРТИЗАН ГО НАПУШТИ ПАРКЕТОТ, ТРИБИНИТЕ ГОРЕА ЗА ЖЕЉКО Мечот со Баерн ги откри емоциите
Играчите, наместо да се поклонат пред аплаузот, тивко се повлекоа. Двејн Вашингтон буквално потрча кон тунелот. Бонга продолжи да аплаудира, а само Вања Маринковиќ возврати со подигнат палец.
Арената во Белград синоќа вриеше од емоции по завршувањето на мечот меѓу Партизан и Баерн (92:85). Наместо славје, атмосферата се претвори во пресметка меѓу публиката и сопствените кошаркари.
Кога судиите го означија крајот, од трибините почнаа да одекнуваат скандирања „Обрадовиќ Жељко“. Навивачите го повикаа името на легендарниот тренер, деветкратен европски првак, кој минатата сезона го напушти клубот по бурен крај.
Играчите, наместо да се поклонат пред аплаузот, тивко се повлекоа. Двејн Вашингтон буквално потрча кон тунелот. Бонга продолжи да аплаудира, а само Вања Маринковиќ возврати со подигнат палец.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) December 4, 2025
Тој потег на играчите предизвика лавина од свирежи. Публиката го сфати како непочит кон човекот што им донесе најсјајни европски моменти. На социјалните мрежи веќе се појавија стотици видеа со коментар дека „Партизан никогаш не би бил тоа што е без Жељко“.
– Не е важно кој е на клупата, важно е што го заборавија човекот кој ги направи шампиони – стои во еден од коментарите под објавата на фан-профилот „Дечак из краја“ на платформата Икс.
Клубот засега нема официјална реакција, но неофицијално, тренерскиот штаб е незадоволен од „несоодветното однесување на публиката“.
Сцената, снимена веднаш по изгаснувањето на камерите, стана вирална и покажа дека љубовта кон Обрадовиќ сè уште не згаснала — напротив, дел од навивачите сметаат дека токму неговото отсуство ја разнишало хемијата во тимот.