🎥 ЖЕНАТА ШТО ПИКИРА КОШАРКАРИ Повисоки до 50 сантиметри, помлади по 20 години

Поранешната сопруга на спортската НБА легенда Скоти Пипен ги менува како чорапи двојно помладите партнери, а очигледно е дека се пали на кошаркари кои се и до 50 сантиметри повисоки од нејзините 157.

0

Ларса Пипен со години го привлекува вниманието на јавноста, не само поради нејзиниот гламурозен изглед и статус како поранешна сопруга на НБА легендата Скоти Пипен, туку и поради нејзиниот бурен љубовен живот кој постојано ги исполнува насловните страници.

Ларса е веќе позната по тоа што избира многу помлади мажи, со акцент на кошаркарите.






Само неколку месеци по бурниот крај на нејзината врска со синот на Мајкл Џордан, Маркус, Ларса се впушти во нова романса.

Нова љубов

Ларса (50) неодамна се појави на премиерата на филмот „Сметководителот 2“ во Холивуд во друштво на 31-годишниот кошаркар Џеф Коби.

На црвениот тепих, Ларса блескаше во провокативен фустан, останувајќи верна на својот провокативен стил.
Разликата во нивните години е исто толку забележлива како и нивната висина: Ларса е висока само 157 см, а Џеф е висок 203 см.

Џеф Коби е кошаркар од Флорида кој играл на Универзитетот Колумбија, а потоа професионално во Шпанија и Јапонија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elder Ordonez (@elderordonez1)

Брзиот премин од една врска во друга не е ништо ново за Ларса. Иако нејзината врска со Маркус Џордан изгледаше стабилна, а имаше и гласини за свршувачка, поранешната госпоѓа Пипен призна дека тие тргнале по свои патишта и дека таа „сакала да биде среќна на начин што не можела да го најде со него“.

Дополнителна тензија во таа турбулентна врска несомнено донесе фактот дека Мајкл Џордан никогаш не ја поддржал врската на својот син со Ларсa.

Неговото кратко и јавно „НЕ“ кога беше прашан дали ја одобрува нивната врска одекна посилно од какво било објаснување. Комплицираната историја меѓу Мајкл Џордан и Скоти Пипен дополнително ја искомплицира ситуацијата.

Скандалот со Малик

Љубовниот живот на Ларса отсекогаш бил опкружен со контроверзии. Нејзината романса со Малик Бизли, кошаркар 22 години помлад од неа, предизвика големи шокови, особено затоа што лудиот Малик ги исфрли сопругата и детето од куќата поради Ларса, а јавноста беше згрозена.

Не недостасуваа гласини, од наводно флертување со Мајкл Џордан, до шпекулации за неверство за време на нејзиниот брак со Скоти Пипен, што Ларса постојано ги негираше.

Сепак, бракот со Скоти, кој траеше од 1997 до 2021 година и во кој имаа четири деца, остави силен белег и товар врз сите нејзини последователни врски.

Сега, со Џеф Коби, Ларса повторно привлекува внимание, со провокативни изданија и смели настапи. Неодамна се појави на еден настан во фустан со многу длабок шлиц, под кој, според фотографиите, не носеше долна облека.

Коментарите на социјалните мрежи беа поделени, од поддршка до критики дека „претерува“.

Без разлика дали станува збор за врска со помлад кошаркар, за дрзок моден избор или бурно раскинување што ја следи драмата, Ларса Пипен останува една од најкоментираните жени на американската јавна сцена.

Поврзани содржини