ДО КРАЈОТ НА ДЕКЕМВРИ „СЕЈФ СИТИ“ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СНИМА И ВО КУМАНОВО И ВО ТЕТОВО Следната година ќе го има низ целата земја

Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.

2

До крајот на декември ќе почне да функционира системот „Безбеден град“ и во Куманово и во Тетово, најави началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов во гостување во Топ Тема на Телма.

Системот засега функционира на цела територија на Град Скопје.






– Активиран е електронскиот систем за детектирање на сообраќајни прекршоци. До крајот на месецов планираме да се активира истиот систем и во градовите Куманово и Тетово, а веќе од следната година истиот систем ќе биде имплементиран на територија на цела држава – објасни Маја Арсовска-Манов, началник на Сектор за сообраќајни работи во МВР.

Опремата е поставена и на Коридорот 8 и 10 и во секој момент се очекува да започне детектирањето на сообраќајните прекршоци и таму.

 

Поврзани содржини