ДИНА ЈАШАРИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ФЕСТИВАЛ ВО ХОЛАНДИЈА „Eurosonic Noorderslag“ е препознатлив како фестивал што открива нови музички ѕвезди
Настапот на Дина Јашари на престижниот Eurosonic Noorderslag 2026, ќе биде петто учество на македонски артист на овој фестивал, по Кирил Џајковски, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи и Луфтханза.
Дина Јашари ќе не претставува на престижниот фестивал „Eurosonic Noorderslag 2026 во Холандија, соопшти нејзиниот тим.
– Најистакнатата млада кантавторка на современата македонска музичка сцена, Дина Јашари, годинава е официјално избрана да ја претставува Македонија на најголемиот европски шоукејс фестивал „Eurosonic Noorderslag“ (ESNS), на 40-тото фестивалско издание, што ќе се одржи од 15 до 18 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.
Настапот на Дина на овој престижен настан претставува значајна можност за нејзината кариера, но и важен момент за нашата, но и регионалната, музичка сцена.
Таа ќе има уникатна прилика да ја претстави својата музика пред меѓународна публика и пред врвните музички професионалци од светската индустрија – се наведува во соопштението.
View this post on Instagram
;
„Eurosonic Noorderslag“ е препознатлив како фестивал што открива нови музички ѕвезди и претставува платформа низ која поминале некои од најголемите имиња на современата музика, меѓу кои Dua Lipa, Fontaines D.C., James Blake, Rosalia и Wet Leg.
Секоја година, фестивалот привлекува повеќе од 40.000 посетители, фанови и професионалци од музичкиот свет. Дина Јашари, позната по своите хитови, меѓународни турнеи и актуелниот албум „Растенија без корен“, се наметнува како едно од највлијателните имиња во новиот музички бран, албум што критиката го препозна како искрен и автентичен приказ на современата реалност и свеж здив за регионалната сцена.
Нејзиниот настап на ESNS ќе биде петто учество на македонски артист на овој фестивал, по Кирил Џајковски, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи и Луфтханза.