🎥 СЕВЕРИНА СПОДЕЛИ СЕМЕЈНИ МОМЕНТИ Фотографии и видеа од Севе и најблиските од патувањето во Виена
Северина отпатува во Виена кадешто ужива во Божиќната атмосфера со нејзиниот сега веќе 13-годишен син Александар и членови на семејството. Таа објави фотографии и видеа од патувањето на социјалните мрежи.
Пејачката отпатува во австриската престолнина со своето семејство и пријатели, каде што уживаше во божиќната атмосфера и богатата понуда на познатите адвент саеми. Таа сподели серија фотографии на социјалните мрежи кои веднаш го привлекоа вниманието на нејзините следбеници.
На фотографиите се гледаат блиската пријателка на Северина Ведрана Васиќ, внуката Миа Поповиќ, како и нејзиниот син Александар, а пејачката кратко коментираше со објавата:
– Кога домашните ќе ме натераат да бидам турист.
Нејзината објава ги воодушеви нејзините следбеници, а многумина беа изненадени од тоа колку пораснал 13-годишниот Александар.
View this post on Instagram
Инаку, Александар ретко се појавуваше на нејзините профили во последните години.
Со години на Северина ѝ беше забрането да објавува фотографии од својот син на социјалните мрежи. По неодамнешниот голем концерт во Арена Загреб, таа повторно се осврна на темата и искрено проговори колку ѝ било тешко.
– Бев една од ретките мајки во светот на кои не ѝ беше дозволено гордо да објавува фотографии од својот син. За среќа, на крајот добив дозвола од најважната личност – моето дете. Одобрение посилно од кој било закон и бирократ. И конечно повторно живееме среќно и убаво – напиша таа на социјалните мрежи во тоа време.
Судејќи според новите објави, пејачката сега повторно може јавно да споделува семејни моменти, што ги воодушеви нејзините бројни следбеници.