75 ПРАТЕНИЦИ ЈА ПОТПИШАЛЕ ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА СЕОПФАТНА АНКЕТНА КОМИСИЈА Собранието има обврска да одговори за трагедиите

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ побара поддршка за иницијативата за сеопфатна Анкетна комисија за трагедиите во Македониа, апелирајќи пратениците да се договорат за датум кој на сите им одговара и кој нема да се поклопи со седниците на кои се расправа за предлог буџетот.

310

Пратениците да ја поддржат инцијативата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди за сеопфатна Анкетна комисија за трагедиите која веќе ја потпишале 75 пратеници, побара пратеникот Бојан Стојаноски.

Тој апелираше и сите пратеници да се договорат за датум за седница на Комисијата, велејќи дека предложениот 9 декември е веќе закажан за гласањето за и седница за буџетот на кој што најголем дел од пратениците од мнозинството треба да бидат присутни за да гласаат и дневен ред.






– Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, бидејќи за една од тие трагедија се води судски процес и тоа практично ќе значи дека ние како собраниски орган, како пратеници, треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои што се случуваат за да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат, а тоа е правда и конечен одговор на прашањето кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава – изјави Стојаноски.

Во врска со датумот за седница, Стојаноски вели дека битно е да присуствува и премиерот, за, како што вели, на тој начин да им ги дадеме одговорите и на родителите, но и на подносителите на таа иницијатива.

– Така што, практично сметам дека и за ова треба да најдеме еден заеднички јазик во кој што ќе успееме таа комисија да ја одржиме и да бидат присутни сите оние кој што се поканете од тој кој што ја има закажано, но и од оние кои што имаат поднесено иницијативата.

Поврзани содржини