ВРИЕ ВО БУГАРИЈА, ВО НАЈАВА СЕ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ И РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕВРОТО Борисов бара подршка за нов буџет или ќе се оди на гласање

Неколку десетици илјади луѓе учествуваа во протестите против буџетот во Софија, а демонстрации се одржаа и во десетина поголеми градови, по што владата го повлече предлогот, а претседателот Румен Радев побара рефендум за воведување на еврото.

171

Бугарската владејачка партија ГЕРБ денеска соопшти дека е подготвена за одржување предвремени парламентарни избори, по масовните протести во земјата и барањето на бугарскиот претседател Румен Радев за итна оставка на владата поради неуспехот да се одобри буџетот за 2026 година.

„Повеќе нема да се придржувам и молчаливо да прифаќам секакви луди барања во врска со несомнено лошо структурираниот буџет за 2026 година. Или застанете со ГЕРБ и заедно, обезбедувајќи мнозинство од 121 пратеник, да изготвиме нов буџет, или одиме на нови избори“, напиша лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов на Фејсбук.






Ова е првата реакција на Борисов по серијата масовни протести во Софија против усвојувањето на предложениот буџет за следната година.

Демонстрантите и опозицијата во Бугарија бараат оставка од владата, а претседателот Румен Радев побара предвремени парламентарни избори како излез од политичката криза.

Бугарскиот парламент денеска ќе треба да го разгледа барањето на владата за повлекување на предлогот за првиот бугарски буџет во евра.

Парламентот, исто така, денеска ќе го разгледа барањето на бугарскиот претседател Радев за одржување референдум за усвојување на еврото од 1 јануари 2026 година.

Бугарската влада вчера го повлече предлогот за буџетот за 2026 година од парламентот, по големиот протест во Софија.

Протестите се слуија затоа што буџетот што предвидува зголемување на даноците и на придонесите за социјално осигурување во приватниот сектор и насочување на повеќе пари кон државниот сектор.

Неколку десетици илјади луѓе учествуваа во протестите во Софија, а демонстрации се одржаа и во поголемите градови како што се Варна, Пловдив, Бургас, Стара Загора, Добрич, Сливен, Велики Трново, Шумен, Русе, Ловец, Благоевград.

Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги блокираше канцелариите на владејачките партии во Софија. На протестот во Варна беа присутни и навивачи, кои организаторите ги повикаа да не придонесуваат за ескалација на ситуацијата.

 

Поврзани содржини