ДОДЕЛЕНИ 1.570 СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ И УШТЕ ЗА 900 СРЕДНОШКОЛЦИ Решенијата се достапни на порталот e-uslugi

64

Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од Конкурсот за доделување 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта и од Конкурсот за доделување 1.570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки, за учебната 2025/2026 година.

МОН во објавата наведува дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и нагласува дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение. Откако ќе добијат решение, за малолетните апликанти жалбата треба да биде поднесена од родител/старател.






По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на булеварот Гоце Делчев бр.18 (зграда на МРТВ кат 11).

Средношколците кои ќе добијат стипендија не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори, нивните права и обврски во врска со користењето на стипендијата се наведени во решението.

Поврзани содржини