„МАМАС“ НА ЗАЕВ ДОБИЛ 1,4 МИЛИОНИ ЕВРА ГРАНТ КАКО НАГРАДА ЗА ОТПИШАНОТО ЖИТО?! Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Обвинителството да отвори постапка

Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата на Македонија откако се работи со ИПАРД програмата.

881

Зоран Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони евра, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„По камуфлирањето на кусокот на 2.000 тони жито вреден 800.000 евра на владина седница од страна на Заев и Филипче, Љупчо Николовски веќе следната година му возвраќа за услугата на кланот Заеви со грант од 1,4 милиони евра. Во 2022 година компанијата ‘Тргопродукт’, која е во сопственост на кланот Заеви, добила грант вреден 1,4 милиони евра. Тоа е истата фирма на кланот Зaеви препознатлива под брендот ‘Мамас’“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






Вредноста на грантот е близу 87 милиони денари или 1,4 милиони евра, и овој грант во тој момент бил втор најголем грант во историјата на Македонија откако се работи со ИПАРД програмата.

„Колку вакви криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски за своето владеење и колку народни пари се злоупотребени? Дали Љупчо Николовски како тогашен министер интервенирал и им ја возвратил услугата на кланот Заеви за да добијат неповратен грант од ИПАРД програмата вреден 1,4 милиони евра? Дали ова е меѓусебен дил на Заев и Николовски и колку вакви злоупотреби со тендери и грантови во нивната коруптивна шема постојат?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара Јавното обвинителство да отвори постапка и да ги истражи случаите.

 

Поврзани содржини