МОСКВА МОЖЕ ДА ВРАТИ СО ТАКТИЧКА НУКЛЕАРКА, АКО НАТО ПРЕВЕНТИВНО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА Вучиќ предупредува на можна сериозна ескалација во Европа
Кога ќе погледнете како се развива ситуацијата на терен, каде руската војска напредува, станува јасно дека вознемиреноста расте и единственото прашање е како ќе изгледаат работите на долг рок, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Напредокот на руските сили на бојното поле во Украина го прави раководството на НАТО многу нервозно, рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Напредокот на руските сили на фронтовската линија, кој беше признат од генералниот секретар на НАТО и кој мора да го признае секој што е објективен и реален во врска со ситуацијата, е сè уште очигледен – рече Вучиќ.
Тој ги наведе усоесите на руската војска кај Покровск, Красно Лиман, Купјанск, Вовчанск, Хуљајпол, Северск и Константиновка.
– Кога ќе погледнете како се развива ситуацијата, станува јасно дека вознемиреноста расте и единственото прашање е како ќе изгледаат работите на долг рок – додаде тој.
Според Вучиќ, потенцијалните планови на НАТО за таканаречени превентивни напади против Русија претставуваат сериозна закана.
– Кога реков дека НАТО разгледува такво сценарио и се подготвува за него, а другата страна, исто така, го подготвува својот потенцијален одговор, сите ми рекоа: Немој да бидеш толку драма квин, тоа е само шпекулација. За жал, ова е реалноста во која живееме – рече претседателот на Србија.
Вучиќ предупреди дека Москва би можела да одговори многу остро на ваквите напади на НАТО.
– Доколку се извршат превентивни напади врз Русија, нема да бидам изненаден ако Русија возврати многу пожестоко отколку што досега го стори во Украина, вклучително и употреба на тактички нуклеарни боеви глави или дури и нешто помоќно. Не заборавајте дека Москва досега покажа одредена воздржаност, бидејќи ги смета Украинците за свои пријатели и браќа – рече Вучиќ.
Тој истакна дека не сака да се вмеша во „братоубиствениот конфликт меѓу Русија и Украина“.
– Во каков свет живееме, веќе ништо не може да биде исклучено. И ништо не разбирам веќе никого во светот. Најверојатно, кога крвта ќе удри во главата, кога ќе удри адреналинот, малку кој сака да размислува за мир и за компромис. Компромис станува забранет збор – рече Вучиќ.
Адмиралот Џузепе Каво Драгоне, претседател на Воениот комитет на НАТО, пред неколку дена потврди дека западната воена алијанса ја проучува можноста за зајакнување на својот одговор на хибридната војна што ја спроведува Москва.
Драгоне истакна дека „превентивниот удар врз Русија може да се смета за одбранбена акција и додаде дека тоа е „надвор од нашиот нормален начин на размислување и однесување“.
– Да се биде поагресивен во споредба со агресивноста на нашиот противник може да биде опција. Прашањата се правната рамка, јурисдикциската рамка, кој ќе го стори тоа – рече адмиралот Драгоне.