🎥 СО ВРЕСКАЊЕ И ПИСКАЊЕ ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА „РАСПУШТЕНИТЕ“ КРАВИ Земјоделците велат дека им се нанесени огромни штети

При апсењето, сопственикот на кравите се спротиставил на полицијата, но по краткиот отпор бил спроведен во станица.

1,285

Попладнево во Крива Паланка беше приведен поранешниот сопственик на повеќе од 500 крави, откако со отпор се спротивставил на полициските службеници и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство кои дошле да ги одземат животните.

По краток отпор, човекот бил префрлен во полициската станица во Крива Паланка.






Од Основното јавно обвинителство Куманово потврдиле дека е отворен предмет кој ќе се води по брза постапка. Случајот ќе биде разгледан утре, кога обвинителството ќе го добие официјалниот извештај од полицијата.

Инаку, минатата недела мештаните протестираа поради штетите што ги правеле кравите и поради закани што ги трпеле од поранешниот сопственик и неговите ќерки по поднесените пријави.

Земјоделците ги пребројуваат последните штети направени од стадата крави врз нивните посеви. Велат дека во една земјоделска сезона во атарите на кривопаланечките села се уништени стотини тони земјоделски производи.

Според нив, станува збор за речиси 800 грла на добиток кои слободно се движат и ги уништуваат посевите. Проблемот трае повеќе од една деценија, но последниве години зема замав. Дел од селаните побараа итна реакција од институциите.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, велат дека поради несоодветно чување и одгледување на добитокот од сопственичките се одземени дваесетина грла добиток. Иако се одвива во отежнати околности – акцијата ќе продолжи и во наредниот период

Дел од мештаните пак, проблемот го гледаат во Јавното обвинителството. Полицијата велат поднесува пријави, но од Обвинителството не покренувало постапка сѐ до сега.

Проблемот со добитокот последниве неколку месеци ја разбранува македонската јавност Пред неколку недели откако беа одземени неколку грла крави, поранешните сопственички и дури и со сила се обиделе да го повратат добитокот.

На социјалните мрежи се појави и видео, снимено од ќерката на сопственикот на кравите, на кое се гледа моментот кога инспекторскиот тим се обидува да ја спроведе одлуката за одземање на кравите – стадо што со месеци предизвикувало штета на земјоделските површини на локалните жители. Во видеото се слуша како неговите ќерки викаат додека полицијата интервенира за да го приведе нивниот татко.

 

 

Поврзани содржини