ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СЕСТРАТА НА МАЈКЛ ЏЕКСОН? Ла Тоја ги шокираше обожавателите со својот слаб, речиси анорексичен изглед

Ла Тоја Џексон ги шокираше обожавателите со својот слаб изглед откако претходно, со објава од лекарска ординација, предизвика загриженост за нејзиното здравје

4

Обожавателите на Ла Тоја Џексон изразија поголема загриженост за пејачката откако таа објави монтажа од слики на кои се гледа нејзината слаба фигура.

69-годишната Џексон сподели на Инстаграм фотографии од себеси, во црвен топ со долги ракави, црни панталони и златни потпетици со шпицест врв. Таа носи и дебел ремен со синџир и нараквица преку десниот зглоб.






Нејзината слаба фигура беше особено е забележлива кога се врти во профил.

Таа напиша на објавата: Среќен понеделник момци! Ви посакувам на сите прекрасна недела! Останете безбедни, здрави и многу љубов за сите вас!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by La Toya Jackson (@latoyajackson)

Додека многу обожаватели дадоа негативни коментари за нејзината тежина, други ја бранеа Џексон, забележувајќи дека таа е природно „ситна“.

– Ла Тоја отсекогаш била ситна и нормално е да се губи мускулна маса како што старееш – напиша еден обожавател. Шегите што некои од вас ги правите се навистина непотребни и груби.

– Ве молам, не бидете нељубезни, мислам дека Ла Тоја има некои здравствени проблеми – забележа друг обожавател.

Минатиот месец, Ла Тоја сподели видео од лекарска ординација, иако не откри зошто бара медицинска помош.

– Здраво луѓе, се надевам дека сите сте добро. Повторно сум кај докторот, па се надевам дека сè ќе помине добро, сите резултати се добри. Ви испраќам љубов и светлина на сите! Ве молам, останете безбедни и, секако, најмногу од сè здрави! – напиша таа во описот на својата објава.

Поврзани содржини