101 КАЗНА ВО НОЕМВРИ ЗА НЕПРОПИСНО ВГРАДЕНИ ФОЛИИ ВО КОЛИ Најмногу прекршители има во Тетово и во Куманово
Во ноември санкционирани се 101 учесник во сообраќајот поради непочитување на пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата.
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.
Контролите продолжуваат и во наредниот период. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.