БИТОЛЧАНИ ВЧЕРА СЕ ИСПОТЕПАЛЕ Татко нападнал ќерка, жена нападната од бившиот и од мајка му

Триесет и тригодишна битолчанка синоќа во 20:20 часот во СВР Битола пријавила дека во дворот од семејната куќа во Битола, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 54-годишен татко. 

0

Неколку случаи на физичко насилство биле пријавени во полиција во текот на вчерашниот ден, 30.11.2025.

Синоќа во 23:20 часот во СВР Битола, 43-годишна жена од битолско село пријавила дека во 20 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен 41-годишен партнер и неговата 64-годишна мајка.






Триесет и тригодишна битолчанка синоќа во 20:20 часот во СВР Битола пријавила дека во дворот од семејната куќа во Битола, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 54-годишен татко.

А.С.(19) од селото Добрушево, Битолско, пријавил дека околу 15:30 часот во бил физички нападнат од И.С. од Битола.

Ноќеска (01.12.2025) во 03:00 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата 8 Септември во селото Горно Оризари, Битолско, во дворно место било опожарено паркирано патничко возило „шкода октавија“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на Б.К.(58).

Од пожарот возилото целосно изгорело, а зафатени биле куќа и гаража, сопственост на С.Р.(50) од Горно Оризари и Д.Р.(33) со престој во Австрија.

Територијалната противпожарна единица на Битола го изгаснала пожарот, а повредени лица нема.

Поврзани содржини