📽️ ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ НА АВТОПАТ, УКРАДЕНИ 2 МИЛИОНИ ЕВРА Криминалци запалиле автомобили, истуриле шајки и пукале во блиндирано комби за транспорт на пари

„Кориере дела Сера“ објави дека грабежот се случил околу 6:30 часот наутро на делницата помеѓу Шила и Банџара и дека целта било возило од компанијата „Сикуртранспорт“, од кое биле украдени два милиони евра.

3

Во Италија, рано утрово на автопатот А2 во близина на Реџо Калабрија на југот од земјата беше нападнато и ограбено оклопно возило за транспорт на пари.

„Кориере дела Сера“ објави дека грабежот се случил околу 6:30 часот наутро на делницата помеѓу Шила и Банџара и дека целта било возило од компанијата „Сикуртранспорт“, од кое биле украдени два милиони евра.






Се известува дека криминалците го блокирале сообраќајот на таа делница со палење неколку автомобили, а исто така и со расфрлање шајки по автопатот, принудувајќи го оклопното комбе да застане.

Потоа криминалците испукале неколку истрели од огнено оружје во правец на возилото, но никој не бил погоден.
Разбојниците ги принудиле чуварите да ги предадат парите, по што избегале.

Италијанскиот весник објави дека полицијата пристигнала на местото на нападот и ги бара разбојниците.

Поврзани содржини