ИМОТ НА ВОДНО, ПОДАРОК ЏИП И КРВАВИ ТЕНДЕРИ СО ВАКЦИНИТЕ И СО МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА Во исчекување на следниот спин, потсетуваме на тендерите на СДСМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Долга е листа листата на скандали, афери и наместени тендери во страна на СДСМ и затоа, до исчекување на следниот спин, им порачуваме да си ги погледнат своите редови, кои е редно да ги исчистат од докажаните криминални структури, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ стигна до тоа дереџе да држи пресови кој и каде е вработен во приватни компании и тоа да го претставува за наводен скандал, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозицијата дека власта дала тендери во вредност од 9 милиони евра, на фирма со две лица, основана пред една година.

„За да не биде скандал, СДСМ да појасни дали тој човек не треба да работи во таа фирма или не треба да работи никаде? Вчера тврдеа дека прво вработениот во споменатата фирма бил роднина на Димче Арсовски и откако спинот им заврши на буниште смислија нов спин, за да се оправдаат себеси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Ова, се додава, е резултат на очајот и на паниката, но пред сè, на безидејноста во редовите на СДСМ.

„За потсетување, во продолжение ги потсетуваме на безбројните афери чиј носител е СДСМ и нивниот лидер Венко Фелипче – како Шпанско село 2, каде Филипче се стекна со огромен имот на Водно, сомнителните тендери во РЕК Битола и ЕСМ за набавка на јаглен, од која фирма Филипче профитирал, односно, добил луксузен џип ауди на подарок. Да не ги заборавиме крвавите тендери, планираната набавка на вакцини во корона периодот за цени 3 пати повисоки од пазарните и тоа од фирми за овошје. Ниту криминалната приватизацијата на стерилизацијата во јавните здравствени институции, како и модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 луѓе за 2 минути, и тоа за профит од 20% – сето ова во време на министерувањето на Венко Филипче“, соопшто ВМРО-ДПМНЕ.

Исто така, додава партијата, не треба да се заборават ниту криминалите на Драги Рашковски

„Тој, како генерален секретар на владата си спроведуваше тендерски постапки за набавка на софтвери за кои никој ниту знаел, ниту ги користел. Потсетуваме и на државното земјиште кое сопругата на Димитар Ковачевски го доби од неговата влада за изградба на фотоволтаици, како и на фирмите, исто така за фотоволтаици, на браќата на Заев и на Филипче во Дојран, за кои добиле дозволи во рекордно брзо време“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Долга е листа листата на скандали, афери и наместени тендери во страна на СДСМ, се додава во соопштението.

„Затоа, до исчекување на следниот спин, на СДСМ им порачуваме да си ги погледнат своите редови. Редно е да ги исчистат од нивните докажани криминални структури, кои сакаат да ги продадат како нови лица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини