ТРАМП ЌЕ ГИ ОБЈАВИ „СОВРШЕНИТЕ“ РЕЗУЛТАТИ ОД МАГНЕТНАТА РЕЗОНАНЦА Фластерот на неговата рака ги збуни новинарите
За време на разговорот со новинарите во авионот, Трамп бил забележан со беж фластер на десната рака, што медиумите го поврзаа со неодамнешниот медицински третман. Претседателот на САД изјави дека магнентната резонанца не била направена врз неговиот мозок и дека наодите се, како што вели, совршени.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека е подготвен да ги објави резултатите од магнетната резонанца направена во октомври, велејќи дека наодите се „совршени“ и дека го поминал когнитивниот тест со одличен успех.
– Тоа е само МРИ. Кој дел од телото? Не на мозокот, направив когнитивен тест и го поминав со одличен успех – рече Трамп.
Изјавата доаѓа откако демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц, во интервју за Би-Ен-Би-Си рече дека Трамп „физички ослабува“ и повика Белата куќа да ги објави резултатите од прегледот, наведувајќи дека јавноста има право да знае.
За време на разговорот со новинарите во авионот, Трамп бил забележан со беж фластер на десната рака, што медиумите го поврзаа со неодамнешниот медицински третман. Прегледот, направен во Медицинскиот центар „Волтер Рид“ на 10 октомври, бил дел од неговиот полугодишен здравствен преглед.
Белата куќа во извештајот наведе дека октомврискиот преглед бил „проверка“ која вклучувала „напредно снимање, лабораториски тестови и превентивни проценки“, но без да ги објави конкретните резултати од МРИ-то.
Трамп, кој има 79 години, ги потврди шпекулациите дека ја посетил болницата, но и понатаму останува нејасно кој дел од телото бил скениран.