ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ ДОБИ БЕСПЛАТНА WI-FI ЗОНА Вакви зони ќе има и во студентските домови

39

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет во Скопје и ја претстави новата бесплатна интернет зона наменета за студентите.

– Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови каде што постои потреба, како и на останатите факултети и универзитети. Најмногу се фокусираме на просторот каде што се присутни најмногу студенти и професори – изјави Андоновски по средбата со деканот проф. д-р Оливер Бакрески.






Министерот се осврна и на проектот за ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој што рече дека овозможува надминување на дигиталниот јаз којшто постои меѓу студентите.

Андоновски се обрати и пред студентите, потенцирајќи дека државата и Владата веруваат во нивните способности и им даваат безрезервна поддршка. Тој ги охрабри студентите да ја користат секоја можност, да учат, да напредуваат и да созреваат, бидејќи „тие се иднината која треба да ја води Македонија напред“.

 

Поврзани содржини