ПОСКАПИ ПАРНОТО Сметките во просек ќе бидат повисоки за 5,9%
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.
Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5,9%, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.
– Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари – појасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.
Тој нагласи дека е потребно долгорочно стратешко планирање и сериозна модернизација на топловодната мрежа за да се намалат дефектите, да се подобри квалитетот на снабдување и да се овозможи проширување на мрежата.
Бислимоски потсети дека парното греење и понатаму е најекономично решение.
Според него, анализите покажуваат дека доколку сите исклучени корисници повторно се приклучат на системот, сметките би се намалиле за околу 10%.
Скопје има околу 65.000 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.