СИН ВО БЕС КРШЕЛ СЀ ПРЕД СЕБЕ Хаос во штипската болница по трагичната вест за татко му

Маж од Таринци агресивно реагирал кога дознал дека татко му починал и оштетил инвентар во Клиничката болница Штип.

0

29-годишниот Ј.А. од селото Таринци, општина Карбинци, е приведен во Клиничката болница во Штип откако ноќта кон четврток се однесувал агресивно и оштетил дел од болничкиот инвентар.

Неговиот татко, В.А. (54), бил донесен во болницата малку по полноќ за лекарска интервенција, но и покрај укажаната помош починал. Кога Ј.А. пристигнал и му било соопштено дека татко му не можел да се спаси, тој почнал да вика, да крши стакла и да оштетува предмети во просториите на болницата.






Полициските службеници интервенирале веднаш и го привеле младиот маж. Телото на починатиот е предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител, а случајот се документира. По завршување на постапката, против Ј.А. ќе следува пријава.

Поврзани содржини