ХОРОР ВО СТРУМИЧКО ПРОСЕНИКОВО Ја труел сопругата со шприц со пестицид, ја касапел со нож – сѐ пред очите на децата!

Пред обвинителот, жената признала дека подолго време била изложена на физичко и психичко насилство, но никогаш не собрале сила да пријави.

1,003

Во селото Просениково, близу Струмица, во понеделникот се одвивала сцена како од трилер. Основното јавно обвинителство отвори истрага против 48-годишен маж, кој, според првичните наоди, се обидел да ја убие својата сопруга во нивниот дом, додека нивните две малолетни деца беспомошно се обидувале да ја спасат мајка си.

Според истрагата, нападот почнал кога мажот ја фатил жената за главата и се обидел насила да ѝ вбризга некаква течност со шприц, најверојатно пестицид. Жената го туркала и викала, а детските крикови од другата соба го прекинале злосторството на кратко. Но кошмарот не завршил тука.






Додека се обидувала да се скрие, жената влетала во бањата, но напаѓачот ја следел. Ја турнал во кадата, ја притиснал со коленото и ладнокрвно почнал да ѝ нанесува посекотини на вратот со нож – опасно блиску до каротидната артерија. Децата, преплашени, успеале да повикаат роднини, кои втрчале во куќата и го одделиле напаѓачот од сопругата, спречувајќи трагедија.

Пред обвинителот, жената признала дека подолго време била изложена на физичко и психичко насилство, но никогаш не собрале сила да пријави. Тоа, заедно со бруталноста на нападот, го убедило обвинителството дека мажот може да се обиде да го доврши делото, но и да побегне или да влијае врз сведоците – негови блиски роднини кои помогнале да се спаси жената и да се однесе во болница. Затоа, обвинителот побарал мерка притвор.

Поврзани содржини