ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ СТАБИЛИЗИРА В НЕДЕЛА, НО ЌЕ ИМА МАГЛА Утре температурите ќе достигнат 9 степени

Во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.

134

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Температурите ќе бидат во интервал од -1 до 9 степени.






Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурите ќе бидат во интервал од 2 до 5 степени.

Во сабота на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.

 

 

Поврзани содржини