СО ШПРИЦ САКАЛ ВО УСТАТА ДА Ѝ СТАВИ НЕПОЗНАТА ТЕЧНОСТ Маж од Струмичко ја избол сопругата и ја повредил

Напаѓачот е задржан во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

719

Лишен е од слобода маж од Струмичко, кој на сопругата ѝ нанел повреди со остар предмет, а се обидел и со шприц насилно да ѝ стави непозната течност во устата, соопшти полицијата.

На 26.11.2025 во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на селото. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет ѝ нанел повреди по телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да ѝ стави непозната течност во устата.






Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

Поврзани содржини