МОРА ДА СЕ ОТКРИЕ ВИСТИНАТА ЗА СИТЕ ТРАГЕДИИ Вреди дава целосна поддршка на Анкетната комисија во Собранието

Сега комисијата сериозно ќе ги испита и со широк мандат сите сериозни случаи што ја потресоа земјата низ годините, од Дурмо турс и Беса транс, до модуларната болница и трагедијата во Кочани и само со сеопфатен пристап може да ги истакне неуспесите и институционалните празнини што одзедоа животи, соопшти коалицијата.

241

Коалицијата Вреди целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија во Собранието, бидејќи со години граѓаните беа оставени без одговори и манипулирани, соопшти Вреди.

„Оваа практика мора да заврши. Нашиот став беше и останува јасен дека е потребна сеопфатна комисија, избегнувајќи каков било селективен или политички мотивиран пристап, и токму таква комисија се формира. Сега комисијата сериозно ќе ги испита и со широк мандат сите сериозни случаи што ја потресоа земјата низ годините, од Дурмо турс и Беса транс, до модуларната болница и трагедијата во Кочани. Само таков сеопфатен пристап може да ги истакне неуспесите и институционалните празнини што одзедоа животи“, соопшти коалицијата.






Вреди очекува анкетната комисија да ги истакне не само индивидуалните неуспеси, туку и моделите на лошо управување што дозволија последователни трагедии низ годините.

 

ВЛАСТА ПОБАРА АНКЕТНА КОМИСИЈА ЗА КОЧАНИ, МОДУЛАРНАТА ВО ТЕТОВО И ЗА АВТОБУСКИТЕ НЕСРЕЌИ Опозицијата поднела неуредна иницијатива, Гаши им ја врати на доработка

Поврзани содржини