СКЕЛЕТО ОД БАМБУС, ПРИЧИНА ШТО СЕ ПЕПЛОСАА 7 ОБЛАКОДЕРИ ВО ХОНГ КОНГ? Бројот на жртви порасна, станарите не ги слушнале противпожарните аларми

Бамбусовото скеле, симбол на хонконшката традиција во градежништвото, одамна се користи поради леснотијата и отпорноста на материјалот. Но, токму неговата висока запаливост сега се покажала како фатален ризик. Локалните медиуми потсетуваат дека владата уште во март најавила постепено исфрлање на бамбусовите конструкции, откако повеќе работници загинале во несреќи со скелиња.

2,300

Скелето од бамбус допринело пожарот во облакодерите во Хонг Конг молневито да се рашири, анализира Би-Би-Си, пишувајќи дека допрва е покрената истрагата за пожарот кој досега однесе 36 жртви и 29 повредени, од кои седум се во критична состојба.

Властите во Хонг Конг велат дека е речиси под контрола силниот пожар кој прогола седум од осумте кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Таи По, северно од Хонг Конг. Огнените јазици се ширеле неверојатно брзо преку бамбусовата скела која целосно ги опфаќала фасадите, обвиени со зелена градежна мрежа.






Станарите изјавиле дека противпожарните аларми не се огласиле, што дополнително ја влошило трагедијата.

Противпожарната служба на Хонг Конг го класифицираше пожарот како тревога од петто ниво – највисока по сериозност. Во рок од 40 минути од првото пријавување, беше прогласен за трето ниво, но до 18:22 часот (10:22 GMT), околу три и пол часа подоцна, нивото повторно беше покачено.

 

Главниот извршен директор на Хонг Конг, Џон Ли, изјави дека е формирана заедничка истражна група на полицијата и противпожарната служба за да се утврди причината за катастрофата. Притоа, државните институции започнале ревизија за да се испита дали материјалите за заштита од пожар во зградите биле соодветно сертифицирани.

– Материјалите од објектите и од скелето ќе бидат тестирани за усогласеност со стандардите – нагласи Ли.

Министерот за безбедност Крис Танг изјави дека ширењето на пожарот било „невообичаено брзо“ и дека доколку се користеле пропишани материјали, пламенот не би можел да ги зафати сите згради толку експлозивно.

Пожарот избувнал во 14:51 часот по локално време (06:51 GMT) во средата, во момент кога дел од станбите биле празни поради реновирање. Комплексот, изграден во 1983 година, се состои од осум кули високи по 31 кат, со речиси 2.000 станови во кои живеат околу 4.600 жители.

Бамбусовото скеле, симбол на хонконшката традиција во градежништвото, одамна се користи поради леснотијата и отпорноста на материјалот. Но, токму неговата висока запаливост сега се покажала како фатален ризик. Локалните медиуми потсетуваат дека владата уште во март најавила постепено исфрлање на бамбусовите конструкции, откако повеќе работници загинале во несреќи со скелиња.

Теренс Лам, портпарол на Бирото за развој во земјата, тогаш предупреди дека бамбусот има „вродени слабости“, нерамномерни механички својства, стареење и висока запаливост, што претставува сериозна безбедносна закана.

Во случајот, бамбусовото скеле било обвиено со зелена заштитна ограда.

Поврзани содржини