ЗА СТУДЕНТСКИТЕ ДОМОВИ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ 30 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БУЏЕТОТ До крајот на мандатот на оваа влада сите ќе бидат реконструирани
Во Штип ќе се гради целосно нов медицински факултет и комплетно нов студентски дом – рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на седница на Комисијата за финансирање и буџет.
За реконструкција на студентските домови Владата има обезбедено 30 милиони евра и таа ќе се одвива во три фази, така што до крајот на мандатот сите домови ќе целосно реконструирани, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет.
Тој се осврна на амандман на Левица за студентските домови, како и на коментари на претставници на Левица на социјалните мрежи за состојбата со студентското сместување.
– Двата дома, коишто сте ги напишале на ваков амандман и тоа што го барате апсолутно се реконструираат. До сега Владата има обезбедено 30 милиони евра за реконструкција на студентски домови. Заради добрата работа во реконструкцијата доби грант од 5 милиони евра од германската банка за развој, а во три фази ќе се реконструираат сите студентски домови. Секоја фаза чини по 17 милиони евра и до крајот на мандатот сите студентски домови ќе бидат реконструирани. Понатаму, во Штип, затоа што тука е напишан и градот Штип, ќе се гради нов медицински факултет и паралелно со тоа ќе се изгради и комплетно нов студентски дом – рече Стојаноски.
Тој рече така реагираат и така реализираат сериозни политичари кои ги решаваат проблемите на граѓаните, а не како пратениците на Левица, кои како единствена работна активност го сфаќаат коментирањето по социјалните медиуми како Фејсбук и Инстаграм.